Во Битола денеска беше пуштен во употреба реконструираниот дом за стари лица „Сју Рајдер“. Домот има капацитет од 150 легла и е поделен на два блока. Еден од блоковите е наменет за корисниците што се неподвижни, а во другиот дел ќе бидат сместени старите лица што можат да се движат.
Во домот има 70 станбени единици за живеење, четири простории за персоналот, заедничка кујна по најсовремени ХАСАП стандарди, две трпезарии, двезанимални простории и други помошни простории. Собите се опремени со бања и систем на уреди, кои ќе им го олеснат живеењето на лицата згрижени во домот. Домот располага и со лифт кој ќе го поврзува приземјето со првиот кат и нема архитектонски бариери.
Домот „Сју Рајдер“ е изграден со средства од Владата на Република Македонија, локалната самоуправа како и средства и од фондовите на ИПА, кои во вкупната инвестиција, која чинеше над 850.000 евра учествуваа со околу 650.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.