| четврток, 6 декември 2018 |

Јацењук: Нема да се откажеме од Крим

arsenij jacenjuk

Украина никогаш нема да се откаже од Крим, изјави денеска новиот украински премиер Арсениј Јацењук на прес-конференција по повод посетата на британскиот шеф на дипломатијата, Вилијам Хејг.

– Секој евентуален обид на Русија да го преземе Крим нема да има успех. Дајте ни малку време. Воената опција не е на маса – наведе Јацењук, додавајќи оти на официјален Киев сега му е потребна економска и политичка поддршка.

Тој изрази уверување дека Украина ќе доби поддршка од западните партнери.

Хејг ја  предупреди Русија на последиците од кризата на Крим, кој сега практично е под контрола на руските сили.

– Ако Русија продолжи по овој пат, ќе мораме јасно да кажеме дека тоа не претставува прифатлив начин на однесување. Има работи кои ние можеме и мораме да ги направиме поради тоа – посочи Хејг највестувајќи ја можноста од економски санкции против Москва, а исклучувајќи ја воената акција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top