| четврток, 6 декември 2018 |

Синиша Евтимов: Mалку се пишуваат комедии во Македонија

синиша

Режисерот Синиша Евтимов, чијашто последна претстава „Не се клади не Енгелзи“ премиерата треба да ја има утре, на 4 март, на малата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), смета дека малку се пишуваат комедии во Македонија.

– За жал, мала е понудата од домашни автори што пишуваат комедии, со чест на неколку исклучоци. Не знам што е проблемот, дали ги чуваат своите текстови во фолдерите во компјутерите или во фиоките во своите бироа, но малку добивме текстови од домашни автори што можеме да ги работиме – вели Евтимов.

Тој очекува поголема продукција на текстови од домашни автори што завршиле на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) или на Универзитетот ЕСРА и лично би сакал повеќе да режира текстови од домашни автори.

– Малку комедии се играат на сцените на домашните театри и би било добро кога би имало повеќе комедии, но од домашни автори. Со должна почит кон сите домашни автори што творат и чиишто текстови се на сцените, убаво би било продукцијата да биде поголема – вели Евтимов, кој ја режираше и комедијата „Стјуардеси“ во Театар Комедија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top