Грчката јавност сѐ уште се обидува да го сфати значењето на изјавите кои министерот за надворешни работи, Евангелос Венизелос, ги даде за време на посетата на Скопје, коментира грчкиот весник „Парон“.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, според весникот, изјавите на Венизелос во Скопје „можат да се сфатат, ако ништо друго, како разубавување на политиката на Груевски“.
– Инаку, како поинаку би го окарактеризирале фактот дека Венизелос упорно јавно го повторува уверувањето од страна на Груевски дека неговата земја нема територијални претензии и не манифестира никаков вид иредентизам, освен како иницијатива на грчкиот министер да ја претвори оваа изјава во креативен став во однос на името – коментира „Парон“.
Овој весник постојано објавува коментари за неспособноста на грчките власти да се справат со проблемот со името на Македонија и често, повикувајќи се на европски и американски дипломати, објавува „доверливи“ информации кои никој не ги потврдува, но ниту ги демантира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски