| четврток, 6 декември 2018 |

Нов Закон: Затвор за местење натпревари

rakomet-navivaci-spanija

„За превенција и санкционирање на насилството на спортските терени пропишавме нов облик во постојното кривично дело „насилство“ во кое предвидовме казна затвор од шест месеци до пет години за тој што друг малтретира, навредува, ја загрозува неговата сигурност или врши врз него грубо насилство поврзано со спортски натпревар и пред тоа, за време и по завршувањето на натпреварот – истакна на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Со измените и дополнувањата на КЗ, како што појасни, предвидена е казна затвор од три до десет години, односно од една до пет години доколку се предизвика тешка телесна повреда или смрт на некое лице, како и предизвикување тепачка, нереди и оштетување на имот од поголема вредност.

Владиниот портпарол информира и дека со казна затвор од една до десет години ќе се казнува лажиран спортски натпревар или наместен резултат на спортска игра.

Во областа на лажирањето спортски натпревари, како што додаде, се и дополнувањата на кривичните дела кои се однесуваат на активниот и пасивниот поткуп.

– Во кривичното дело „неовластено примање подароци“ е пропишано дека организатор или учесник во спортски натпревар кој директно или индиректно ќе побара или ќе се согласи да прими за себе или за друг подарок или друга посредна или непосредна корист, ќе се казни со затвор од една до пет години – нагласи Ѓорѓиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top