| четврток, 6 декември 2018 |

Скок на цената на нафтата поради мобилизација на војската во Украина

nafta_660x330

Цените на нафтата денеска пораснаа, откако Украина прогласи општа воена мобилизација и ја обвини Русија за воена инвазија.

Барел на американска „лесна“ нафта за испорака во април поскапи на меркантилната берза во Њујорк за 1,14 долари, па сега изнесува 103,73 долари за еден барел, додека истата количина на северноморската нафта од типот „брент“ за априлска испорака на пазарот во Лондон чини 110,69 долари, односно 1,62 долари повеќе отколку на крајот на минатата недела, пренесува „Франс прес“.

Аналитичарите оценуваат дека поради ескалирање на насилството во Украина, цената на нафтата може да продолжи да расте.

– Со оглед на тоа дека Украина е еден дел од ланецот за снабдување со „брент“, очекуваме дека цената на тој вид нафта ќе порасне – изјавил аналитичар на сингапурската компанија „ЦМЦ Маркетс“, Дезмонд Чу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top