Арбен Думани со семејство од Косово побегнал во Шкотска и таму започнал нов живот. Од тогаш поминале 13 години, а Думани (23) денес е во затвор под обвинение дека бил лидер на организирана криминална мрежа, која е одговорна за дистрибуција на кокаин во вредност од 1,2 милиони фунти.
Шкотската полиција со години ги следела членовите на неговата банда, составена од косовски Албанци, а детективите еден месец интензивно следеле четири главни членови на бандата, чии куќи пред полициската рација на имотот Кининг парк во Глазгов, биле озвучени.
Токму на овој имот, е пронајден кокаинот во вредност од 1,2 милиони фунти и специјални хидраулични преси и бројни фотографии на кои биле оковечени претежно членовите на бандата, предводена од Думан, како шмркаат кокаин и позираат со големи суми на пари.
А, сето тоа започна во 1999 година, кога Думан со шест другари, исто така косовски Албанци, се запишале во училиште во Глазгов.
Јазичните експерти и психолози откриле дека момчињата побегнале, со цел подобро да се вклопат во новата, непозната за нив средина.
Било забележано дека малиот Арбен, во тоа време, со помош на преведувачи, срамежливо рекол дека добро се снашле, дека уживал да игра фудбал со неговите пријатели и дека во Шкотска запознал многу нови пријатели.
Според западните медиуми, тешко е да се замисли дека младото момче, заедно со Алберт Мемиј (25), Фабијано Понариј (23) и Џорџо Пјетриј (28) се наоѓа зад решетки под обвинение за трговија со дрога.
„ Огромната количина на дрога запленета кај групата на Думан, ќе оставеше незамисливи последици за нашето општество, ја поздравувам одлуката на судот, кој е одговорен соодветната казна“, изјавил шефот на SCDEA Ејткен Атол.
Полициската операција спроведена против групата на Думан е наречена „Eclipsа”, а во нејзин округ детективите во детали истражиле голема организирана дистрибуција на огромни количини на кокаин, која преку озогласената група е увезена во Шкотска и која би требало да донесе голем профит на црниот пазар.
Според официјални претставници, ова е класичен случај на промет меѓу дилерите. Она што било невообичаено е специјалната опрема, вклучувајќи набивање на кокаинот, што кај други дилери давала впечаток дека дрогата е многу подобра отколку што навистина е.
Фалсификувањето на квалитетот на дрогата, инаку е специјалност на опасни организирани криминални групи. Ова главно се користи за подобрување на неговата понуда, односно за повисока цена. Думан и неговата банда биле вклучени во најголемата операција на дрога во мај минатата година. Според обвинителството, кокаинот на оваа група бил наменет за клиенти ширум Шкотска.
Извор: Денешен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.