Сан Антонио го победи Далас со 112-106 во тексашкото дерби од НБА-лигата, а интересен податок е што сите 7 домашни екипи триумфираа.
Тони Паркер ги предводеше „мамузите“ од Сан Антонио до успех, а бекот на домашните постигна 22 поени и имаше 7 асистенции. Сличен е ефектот и на првата ѕвезда на поразениот тим, Дирк Новицки со 22 поени и 7 скока. Тим Данкан искомбинира 17 поени и 9 скока кај Сан Антонио.
Резултати: Далас – Сан Антонио 112-106, Чикаго – Њујорк 109-90, Торонто – Голден стејт 104-98, Индијана – Јута 94-91, Орландо – Филаделфија 92-81, Оклахома – Шарлот 116-99, Феникс – Атланта 129-120.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.