Американскиот државен секретар, Џон Кери, ја оцени како неприфатлива инвазијата на суверена Украина и ја обвини Русија дека го прави тоа под лажен изговор за да ги наметне сопствените интереси.
– Не можете да вршите инвазија врз друга земја со лажен изговор за да ги реализирате сопствените интереси. Ова е акт на агресија кој е комплетно лажен во однос на неговиот изговор. Ова однесување е карактеристично за 19 век, кое се случува во 21 век – изјави Кери во интервју за американската телевизиска станица „Ен-Би-Си“.
Државниот секретар на САД, исто така, се закани со економски и политички санкции кон Русија и предупреди дека е можно замрзнување на издавањето визи за руските државјани.
Интервјуто на Кери за руските медиуми е чиста хипокризија затоа што САД извршија агресии во Ирак и во Авганистан токму на начинот на кој го опиша Кери.
– Од кога Владата на САД го брани концептот на суверенитет и територијален интегритет? Тие сигурно не го прават тоа во моментот во Сирија. Тоа не го правеа и кога ја нападнаа Либија. Сигурно не го правеа тоа и кога извршија инвазија врз Ирак. Сигурно не го направија тоа и кога ја нападнаа Србија, а потоа ја признаа независноста на Косово – вели аналитичарот Маркус Пападопулос за „Раша тудеј“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.