| четврток, 6 декември 2018 |

Падот на вредноста на лирата внесе несигурност кај турските претпријатија

Откако корупцискиот скандал ја потресе турската влада, вредноста на државната валута бележи значителен пад. Вредноста на лирата само од почетокот на годината се намали за 7 проценти. Контрола на производството во Шатдекор во Турција. Ова германско семејно претпријатие тука произведува 100 илјади тони декоративна хартија годишно. Главни муштерии се големите производители на мебел, кои со декоративната хартија украсуваат регали, маси и столици.

Од 2011. година фирмата произведува во населбата Гебзе во Истанбул. Генералниот директор Роберт Вуга е таму од самиот почеток и учествуваше во изградбата на фабриката „ „На вистинско место сме, блиску до пазарот, блиску до муштериите. Благодарение на тоа имаме предности во сервисот.“

Стопанското одредиште Турција како мост меѓу Европа и Блискиот Исток. Со години економијата напредуваше. Меѓутоа од минатата година наваму таа потклекна – корупциски скандал ја потресе владата и внесе несигурност кај претпријатијата.

Полицајците на важните плоштади во земјата потсетуваат на протестите. Во меѓувреме, меѓународните инвеститори ги повлекуваат своите пари од земјата. Турската валута лирата, повремено беше во слободен пад во споредба со доларот и еврото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top