Рускиот премиер Дмитри Медведев ја обвини Владата во Киев за насилно преземање на власта и заклучи дека и нивното владеење ќе заврши со нова револуција и крвопролевање.
Говорејќи за украинскиот претседател кој е во бегство Виктор Јанукович, Медведев призна дека тој повеќе нема никаков авторитет во Украина, но нагласи дека и понатаму тој е легитимен челник на државата според украинскиот Устав.
– Ако е виновен според украинските закони, тогаш одржете ја процедурата за изгласување недоверба и судете му. Се останато е беззаконие. Преземање на власта, а тоа значи дека таков поредок ќе биде исклучително нестабилен и ќе заврши со нова револуција, нови крвопролевања, рекој Медведев на својот профил на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


