| четврток, 6 декември 2018 |

И Ангела Меркел му се јави на Путин

Мерките преземени од страна на Русија во однос на ситуацијата во Украина се сосема соодветни, рекол претседателот Владимир Путин во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти Кремљ. Покрај тоа, Путин во телефонскиот разговор со Меркел кој бил претходно договорен по иницијатива на германската канцеларка, ја потенцирал опасноста од насилните дејствија на украинските ултранционалисти.

На изразената загриженоста од страна на Меркел за случувањата во русофонската украинска автономна република Крим, и Украина воопшто, Путин ги истакнал заканите со насилство на ултранационалистичките сили кон животите и легитимните интереси на руските државјани и целото рускојазично население во Украина.

-Беше истакнато дека мерките преземени од страна на Русија се целосно соодветни за актуелната вонредна ситуација, се наведува уште во соопштението на кабинетот на претседателот на Руската Федерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top