| четврток, 6 декември 2018 |

Украински војници на Крим преоѓаат на страната на „самоодбраната“

крим

Украински војници од составот на единиците распоредени во Крим, минуваат на страната на единиците на таканаречената локална самоодбрана, јавува дописникот на Итар-Тасс.

– Многу војници и офицери, кои не се задоволни до курсот на сегашните власти во Киев, ги напуштаат единиците и поднесуваат оставки. Некои единици изјавиле подготвеност да бидат распоредени од раководството на силите за самоодбрана на Крим – рекол очевидец за агенцијата.

Во саботата премиерот на Автономната Република Крим каде руското население е мнозинство, Сергеј Аксенов, чиј избор новите власти во Киев не го признаваат за легитимен, побара од сите припадници на безбедносните структури и единици на Крим да се стават под команда на премиерот на автономијата, додека оние што не се согласуваат да ја напуштат службата. Покрај тоа, Аксенов не ја распушти интервентната единицата „Беркут” на територијата на Крим, која опозициските сили кои дојдоа на власт во Киев веднаш ја распуштија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top