Русија е вонредно вознемирена од развојот на настаните во Крим, каде во текот на ноќта непознати вооружени лица се обиделе да ја преземат зградата на Министерството за надворешни работи, се наведува во соопштение објавено на страницата на руското МНР, пренесува ИТАР-ТАСС.
Според соопштението вооружените лица биле испратени од украинскиот главен град Киев. Руското МНР соопшти за повредени во нападот и инцидентот го оцени како провокација.
– Ги повикуваме оние кои даваат слични заповеди во Киев, на воздржаност. Сметаме за крајно неодговорно секое понатамошно кревање на тензиите, на и без тоа напнатата атмосфера на Крим, се наведува во соопштението.
Претходно новиот премиер на Автономната република Крим (АРК) Сергеј Аксенов ја презема контролата над сите воени, полициски и други сили за безбедност во регионот и побара помош од рускиот претседател Владимир Путин да го гарантира мирот во републиката.
– Согласно мојата одговорност за животот и безбедноста на граѓаните се обраќам кон рускиот претседател Владимир Путин за помош во гарантирањето на мирот и безбедноста на територијата на Автономната република Крим, се наведува во соопштенитео на кримскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


