| четврток, 6 декември 2018 |

Цените на становите во Грција вртоглаво паѓаат

athens

Цените на недвижниот имот во Грција се намалиле за 33% од 2008 година, а во наредниот период можат да паднат за дополнителни 12%, очекува меѓународната рејтинг агенција „Фич“
Во последниот квартал 2012 година цените на недвижнините се намалени за 2,8% во Атина, за 2,3% во Солун и за 2,6% во другите градови на земјата.

„Фич“ тврди дека во цела Грција има околу 270 илјади недвижни имоти, кои чекаат на купувачи, со оглед на тоа што нема побарувачка.
Четиринаесет илјади градежни фирми ги замрзнаа своите дејности, а еден милион вработени во градежништвото и во други сектори кои се поврзани со него се без работа.

Извор: фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top