| четврток, 6 декември 2018 |

Сара Џесика Паркер: Не сум зависник, уште повеќе го сакам сексот

Sarah Jessica Parker

Познатата холивудска актерка Сара Џесика Паркер овие денови е зафатена со промоцијата на својата колекција и тоа по социјалните мрежи. Токму поради тоа што сето време го посветува на промоцијата, некои помислиле дека таа станала зависник од социјалните мрежи.

– Долго време немав профил на социјалните мрежи, но соработниците ме убедија дека тоа е најлесен и најефикасен начин да ги прближам своите производи до потенцијалните клиенти – изјави актерката која отвора бутици со својата модна линија во Њујорк, Лос Анџелес и Далас.

Пријателите веќе почнале да ѝ префрлуваат дека целото време таа го поминува на интернет.

– Признавам, социјалните мрежи се забавни, но никако не се замена за секс – изјавила таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top