
Пуштен е во употреба пешачкиот надвозник над железничката пруга Велес-Битола. Пешачкиот мост е долг 23 метри. Изграден е по стандарди што ќе обезбедат слободно и безбедно движење на граѓаните. Конструкцијата чини 3 милиони и 100 илјади денари, а хортикултурното уредување околу него е 700 илјади денари. Севкупно, општината за овој објект издвои 3 милиони и 800 илјади денари.
Градоначалникот Славчо Чадиев рече дека неговата изградба е многу важна, бидејќи од двете страни на пругата патот води кон градинката, две основни училишта, кон сите средни училишта, кон факултетите, кон железничката станица и кон многу работни места на велешани, како и кон општинската зграда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


