Американската вселенска агенција (НАСА) соопшти дека пронашла 715 нови планети надвор од Сончевиот систем, и тоа благодарение на својот вселенски телескоп Кеплер.
НАСА наведе дека досега се пронајдени 1.700 екстрасоларни планети од можни 3.600 такви планети. Околу 95 отсто откриени планети се помали од Нептун, кој е четири пати поголем од Земјата. Четири планети се два и пол пати поголеми од Земјата и на нив е пронајдена вода, што овозможува некој облик на живот. Сите пронајдени планети се вртат околу своите ѕвезди кои ги има вкупно 305.
– Со ова откритие дознавме дека таквите планети надвор од Сончевиот систем се помали по големина, а орбитите им се кружни – вели претставникот на НАСА, Џејмсон Роув.
Вселенскиот телескоп Кеплер е лансиран за да откријат планети слични на Земјата кои се наоѓаат во орбитата околу другите ѕвезди. Телескопот го добил името по германскиот астроном Јохан Кеплер. Лансиран е во март 2009 година и ќе остане во вселената до 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.