| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна тепачка во турскиот Парламент (ФОТО)

tepacka tur

Нова тепачка се случи во турскиот Парламент за време на расправата за предлог-законот за образовение, со кој се предвидува затворање на подготвителните училишта за идни студенти на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, објави турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

tur tepacka

Во масовната тепачка, што се случила доцна синоќа, учествувале пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).

Пратеникот на ЦХП Шевки Кулкуоглу бил хоспитализиран откако му бил раскрвавен носот по ударот со тупаница во лицето од страна на неговиот колега од АКП, Метин Каланк.

tepacka tur3

 

tepacka tur4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top