| четврток, 6 декември 2018 |

Кузевска не ја прифатила просдсмовската политика на ТВ „24 Вести“ поради што заминала од телевизијата?!

bogdankaНастојувањето политиката на телевизијата да биде избалансирана е причината поради која досегашната уредничка на телевизијата  „24 Вести“, Богданка Кузевска, дошла во судир со менаџментот – тврдат извори од телевизијата. Според нив, Кузевска не се согласила со барањата во предизборието политиката да биде просдсмовски ориентирана. Програмски директор во ТВ „24Вести“ е некогашниот портпарол на Бранко Црвенковски, Зоран Иванов, кој во оваа телевизија дојде откако доби отказ од ТВ „Алфа“. Тој веќе преговарал со новинар од друга телевизија да дојде и да биде главен уредник.

Кузевска вчера потврди дека си заминува од телевизијата „24Вести“ поради серија несогласувања со менаџментот. Отказот го дала деновиве, а од први март повеќе не е дел од информативната програма на телевизијата.

– Поради несогласувањата околу начинот на работа во информативниот дел и неколку писма од страна на менаџментот полни со, според мене, неосновани забелешки како и парични казни за мене, јас ја понудив мојата оставка од главен и одговорен уредник – рече таа.

Таа посочи дека несогласувањата биле во врска со нејзината невклученост во клучни одлуки. Меѓу другото, нагласи и пример на промена на уредник во репортер без воопшто да биде консултирана.

Пред Кузевска, главен и одговорен уредник беше Боби Христов, кој беше сменет од менаџментот, но остана во телевизијата. За три години, „24 Вести“ имала 4 главни уредници: Анита Петровска, Љупчо Цветановски, Боби Христов и Богданка Кузевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top