Настојувањето политиката на телевизијата да биде избалансирана е причината поради која досегашната уредничка на телевизијата „24 Вести“, Богданка Кузевска, дошла во судир со менаџментот – тврдат извори од телевизијата. Според нив, Кузевска не се согласила со барањата во предизборието политиката да биде просдсмовски ориентирана. Програмски директор во ТВ „24Вести“ е некогашниот портпарол на Бранко Црвенковски, Зоран Иванов, кој во оваа телевизија дојде откако доби отказ од ТВ „Алфа“. Тој веќе преговарал со новинар од друга телевизија да дојде и да биде главен уредник.
Кузевска вчера потврди дека си заминува од телевизијата „24Вести“ поради серија несогласувања со менаџментот. Отказот го дала деновиве, а од први март повеќе не е дел од информативната програма на телевизијата.
– Поради несогласувањата околу начинот на работа во информативниот дел и неколку писма од страна на менаџментот полни со, според мене, неосновани забелешки како и парични казни за мене, јас ја понудив мојата оставка од главен и одговорен уредник – рече таа.
Таа посочи дека несогласувањата биле во врска со нејзината невклученост во клучни одлуки. Меѓу другото, нагласи и пример на промена на уредник во репортер без воопшто да биде консултирана.
Пред Кузевска, главен и одговорен уредник беше Боби Христов, кој беше сменет од менаџментот, но остана во телевизијата. За три години, „24 Вести“ имала 4 главни уредници: Анита Петровска, Љупчо Цветановски, Боби Христов и Богданка Кузевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


