Американската актерка Сандра Булок ќе заработи повеќе од 70 милиони долари благодарејќи на улогата во филмот „Гравитација“.
Булок ја глуми астронаутката Рајан Стоун, која во трилерот ја прераскажува приказната за вселената. Булок е номинирана и за филмската награда „Оскар“. Актерката веќе доби 20 милиони долари, а ќе заработи и 15 проценти од продажбата на влезниците за кино. Освен тоа, ќе ѝ припдне и процент од продажбата на ДВД, блуреј, ВОД и ТВ-копии.
На листата на „Форбс“ на најплатени актерки во 2013 година Булок беше на 7. место, благодарејќи на улогите во филмовите „Жештина“ и „Гравитација“.
Филмот „Гравитација“ заработи повеќе од 700 милиони долари низ светот, а номиниран е за десет награди „Оскар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура