Педесетина вооружени мажи утрово го зазеле аеродромот во градот Симферопољ. Вооружените лица биле сместени во зградата на терминалот за домашен сообраќај, но ги имало и во некои други делови на аеродромот.
Според „Раша тудеј“, групата што упаднала на аеродромот потсетува на тие што вчера ја зазедоа зградата на владата на регионалниот парламент затоа што луѓето биле слично облечени и изгледале како „локални Руси“.
Некои од сведоците тврдат дека виделе како носат руско знаме, додека агенцијата „Франс прес“ јавува дека аеродромот работи нормално, иако пред него стојат вооружени луѓе.
Од Киев денеска на Крим треба да пристигне новото државно раководство на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.