| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 31 човек загинаа во бомбашки напад во Багдад

bagdad-bomba

Најмалку 31 лице загинаа, а 51 се повредени кога во Садр Сити во Багдад, експлодира мопед-бомба, соопштија болнички и безбедносни извори.

Мопедот бил паркиран во преполн пазар во шиитски кварт.

Се уште не е познато кој е одговорен за нападот, но за слични напади врз шиитите најчесто одговорни се групите поврзани со Ал Каеда, Исламска држава во Ирак и Левант.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top