
Британската финансиска групација Стандард Лајф предупреди дека можеби ќе се повлече од Шкотска ако таа на референдум на 18 септември изгласа независност.
Во одвоено соопштение британската банка Ројал бенк Скотланд исто така предупреди на сериозни последици за отчепувањето на Шкотска од Британија, пренесува Франс прес.
Меѓународната бонитетна агенција „Стандард енд Пурс“ посочи дека Шкотска ќе се најде пред сериозни, но не и непремостлив предизвик доколку позитивно се изјасни на референдумот за независност.
Независна Шкотска би имала атрибути на богата економија со инвестициски кредитен рејтинг, но таа би се соочила и со високо ново на јавен долг и висока осетливост на промена на цената на нафтата и потенцијално ограничена флексибилност во монетарната политика, наведуваат од СиП.
Клучното прашање во оваа дебата е идната валута на независна Шкотска, будејќи Единбург сака да ја задржи фунтата, а Лондон се спротивставува на тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


