Арсениј Јацењук е избран за премиер на Украина. Пратениците во Врховната рада денеска му дадоа поддршка за состав на нова влада на Украина. За него гласаа 371 пратеници од неопходните 226. Парламентот на Украина има 450 пратеници. Вршителот на должноста претседател на Украина, Олександр Турчинов, го потпиша указот за назначување на Јацењук за премиер.
Во обраќање во Парламентот тој нагласи дека Украина и Русија треба да изградат нови односи.
Украинците и Русите се пријатели и партнери, и треба заемно да си веруваат – нагласи тој.
Јацењук ја повика Русија да не ги поддржува сепаратистите и Виктор Јанукович.
Новиот премиер рече дека Владата треба да преземе непопуларни мерки за да ја изведе државата од економската криза.
– Касата на Украина е празна, а државата е соочена со огромни економски проблеми – потенцира тој.
Јацењук додаде дека Украина ќе ги искористи сите законски и уставни овластувања за зачувување на територијалната целост на државата.
– Им се обраќам на луѓето во Крим – ние сме еден украински народ, заедно ќе победиме, нашето единство е залог за успех на украинската држава – рече тој.
Јацењук (39) бил министер за економија, министер за надворешни работи и претседател на парламентот. Тој е близок соработник на поранешниот премиер Јулија Тимошенко. Пред изборот тој вети дека ќе го потпише договорот за асоцијација со ЕУ и оти Крим ќе остане дел од Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина