| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев и Наполи го чекаат Свонси, Ставрев ќе ја дели правдата во Лион

Горан Пандев е единствениот македонски фудбалер што се уште настапува во Европа Лигата на УЕФА, а со Наполи вечерва од 19 часот ќе го играат реванш мечот од 16/финалето против Свонси.

Првиот меч во Велс заврши без голови, што е одличен резултат за италијанскиот преставник. Рафаел Бенитес во последно време му дава се помалку шанси на Пандев да игра, а можеби вечерва е време за пресврт, со огледа на податокот дека наполитанците се во мала резултатска криза.

Македониај ќе има уште четворица преставници денеска на европските терени, а се работи за судискаиот квартет предводен од Александар Ставрев. Тој и неговите помошници ќе ја делат правдата на дуелот во Франција помеѓу Лион и Черноморец Одеса. И таму како и во Свонси, првиот натпревар заврши без голови.

Вистинска грозница ги тресе навивачите на Лудогорец, а билетите за реваншот против Лацио, одат како алва. Ќе се игра во Софија, наместо во Разград, од каде потекнува актуелниот бугарски шампион, кој ќе ја брани предноста од 1-0, остварена во Рим.

Интересно ќе биде уште на неколку дуели, а меѓу нив е и пресметката во Лондон, меѓу Тотенхем и Дњипро. Гостите од Украина ги предводи Хуанде Рамос, поранешниот тренер на Тотенхем, а лондончани ќе атакуваат за да ја анулираат и надминат негативата од 0-1 од првиот меч. Рамос немаше успешна епизода на „Вајт Харт Лејн“, доби отказ од раководството на Тотенхем, а во Европа Лигата има блескави резултати, и со Севилја беше двоен шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top