Десниот бек на РК Вардар, Алекс Душебаев, се враќа во составот на „црвено-црните“ по тешката повреда на десната рака.
По пауза од два месеца, тој ќе биде во составот на „вардарци“ на саботниот натпревар против Нексе, кој Вардар го игра во рамки на СЕХА-лигата во Осиек.
Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, е задоволен од враќањето на Душебаев во составот во пресрет на мечот со Нексе.
– Во составот со Душебаев добиваме повеќе опции во нападот. Одморот кој го имавме го искористивме добро да се подготвиме и посериозно да го дочекаме натпреварот со Нексе. Очекувам победа, но треба да бидеме внимателни бидејќи домаќинот игра цврст ракомет на домашен терен – изјави Раул Гонзалес.
Вардар до крајот на ова натпреварување го очекуваат уште четири натпревари и посакуваат до крајот на регуларниот дел од сезоната да остварат исто толку победи. Со четири победи Вардар ќе биде сигурен учесник на завршниот турнир и оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.