Во средина на египетската пустина Сахара се наоѓа необична креација која на прв поглед изгледа како да ја направиле вонземјани.
Оваа форма се појавила во 1997 година и оттогаш оваа несекојдневна глетка ги збунува туристите.
Сепак, не станува збор за вонземјани, ова е уметничко дело на неколку уметници.
„Пустинскиот здив“, како што е наречено ова уметничко дело, е проект на уметничкиот тим „ДАСТ Стрим“, кој во 1995 година го основале Дана и Александра Страту и Стела Константинидес за да го реализираат овој проект.
Оваа креација, која се простира на 100.000 квадратни метри, е сместена во источниот дел на Сахара во Египет. За нејзината реализација се користени 8.000 кубици песок, а довршена е во 1997 година. Иако сѐ уште постои, таа постепено се распаѓа, а ќе биде видлива сѐ додека ветрот не ја избрише целсоно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


