| четврток, 6 декември 2018 |

Која е тајната на мистериозната спирала во Сахара? (видео)

Во средина на египетската пустина Сахара се наоѓа необична креација која на прв поглед изгледа како да ја направиле вонземјани.

Оваа форма се појавила во 1997 година и оттогаш оваа несекојдневна глетка ги збунува туристите.

Сепак, не станува збор за вонземјани, ова е уметничко дело на неколку уметници.

„Пустинскиот здив“, како што е наречено ова уметничко дело, е проект на уметничкиот тим „ДАСТ Стрим“, кој во 1995 година го основале Дана и Александра Страту и Стела Константинидес за да го реализираат овој проект.

Оваа креација, која се простира на 100.000 квадратни метри, е сместена во источниот дел на Сахара во Египет. За нејзината реализација се користени 8.000 кубици песок, а довршена е во 1997 година. Иако сѐ уште постои, таа постепено се распаѓа, а ќе биде видлива сѐ додека ветрот не ја избрише целсоно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top