| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија ја затвора „фабриката“ за издавање бугарски пасоши

bugarski pasosh

Минситерството за правда на Бугарија веќе подолго од една година ги проверува процедурите врз основа на кои биле издавани илјадници бугарски пасоши на странски државјани и реши строго да ги применува одредбите од Законот за бугарско државјанство. Бугарската партија ВМРО за денеска најавува протест против ваквите мерки, пренесува МКД

На дополнително преиспитување досега се вратени илјадници барања за бугарски пасош. Сите треба да докажат дека навистина имаат бугарско потекло.

Веќе подолго време бугарските медиуми отворено пишуваат за леснотијата со која странски државјавни, најмногу од Србија, Молдавија, Албанија, Косово и од Македонија, добиваат бугарски пасоши. Бугарските власти за ова биле предупредени и од Брисел. Досега, бугарски пасош се добивал и само со изјава за бугарско потекло на мајка, татко, дедо…

Целата вест овде

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top