
Мистериозна девојка веќе два дена стои на централниот плоштад во Подгорица, Црна Гора со порака „Не“ и „Не смееме“ и привлекува внимание на бројните минувачи.
Млада жена облечена во бел, долг, сатенски фустан и лице покриено со бела боја и нападно нашминкана, веќе втор ден стои по неколку часа на плоштадот во Подгорица. Молчи, а минувачите не ја провоцираат, но љубопитно ја загледуваат. Многумина ја фотографираат. Многмина коментираат дека потсетува на перформансот кој во Приједор го изведе минатата година Јелена Топиќ (29), студентка на факултетот за уметност, која повеќе од 30 дена по неколку часа мирно стоеше на плоштадот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


