| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ бара вонредна седница во Карпош за бомбашкиот инцидент

daskalovski

Филип Даскаловски

Советничката група на СДСМ во скопската општина Карпош бара вонредна седница во општината во врска со бомбашкиот инцидент.

– Изминува четвртиот ден од бомбашкиот инцидент што се случи пред седиштето на СДСМ во Карпош. Експлозија се случи во момент кога во седиштето се одржуваше состанок на 30-тина млади луѓе. Советничката група на СДСМ во Карпош, на денешната седница поднесе барање за  одржување вонредна седница, во најкус можен рок. Собрани се потребните потписи од третина од советниците. До овој момент нема никакви информации од МВР за случајот. Молчи и градоначалникот на општина Карпош во чијашто општина се случи инцидентот. Единствениот коментар на Јакимовски, овие денови, е дека секта му ги крадела љубичиците во Карпош. Не најде за потребно ниту да го осуди овој случај – изјави Филип Даскаловски, советник на СДСМ во оваа скопска општина.

Од оваа партија повикуваат МВР во најкус можен рок да го расветли случајот и да ги пронајде сторителите.

– Најмалку што може да направи Стевчо Јакимовски е да закаже вонредна седница по случајот со бомбата пред општинските простории на СДСМ – вели Даскаловски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top