| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Распишан тендерот за новата болница во Штип

nikola todorov

Министерот за здравство Никола Тодоров по денешната посета на Клиничката болница-Штип изјави дека тендерот за изградба на новата Клиничка болница во тој град е распишан и е во тек.

– Овој тендер го објавува Банката на Советот на Европа од каде што практично се обезбедени финасиите. Тие ги определуваат и роковите, согласно роковите кои се определени до 18 март, а тоа е првата фаза од тендерот, по што ќе почне фаза на еволуација – рече Тодоров.

Посочи дека откако ќе завршат сите рокови на Банката на Советот на Европа ќе почне и изградбата на новата Клиничка болница во Штип.

– Тоа ќе биде болница некаде околу 30.000 м/2, многу современа и наскоро ќе го презентираме комплетно целиот проект, и тоа не идејното, туку комплетното решение, кое во завршната фаза – додаде Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top