Во Управата за јавни приходи до вчера се поднесени вкупно 40 илјади годишни даночни пријави – изјави директорот на УЈП, Горан Трајковски.
– Споредено со минатите години, се поголем број граѓани ја исполнуваат обврската пред законскиот рок – 15 март, меѓутоа се уште останува една категорија граѓани кои ќе го чекаат крајниот рок кога шалтерите во контакт центарот опслужуваат од седум до девет илјади граѓани – истакна Трајковски.
Трајковски нагласи дека од јануари минатата година се користи и системот за е-даноци така што може да се очекува дека оние граѓани кои се регистрирани на овој систем, ќе ги поднесат даночните пријави по електронски пат.
Минатата година 700 граѓани ја искористиле оваа услуга, а годинава заклучно до вчера 254 граѓани поднеле годишна даночна пријава по електронски пат преку е-даноци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство