На денешната прес-конференција селекторот на младата репрезентација Бобан Бабунски истакна дека го има на располагање најсилниот состав за натпреварот со Португалија, од рамките на квалификацискиот натпревар за ЕОП 2015, кој ќе се одигра на 5. март.
Бошко Ѓуровски селекторот на сениорската репрезентација изјави дека Ристовски, Алиоски, Бабунски и Трајковски ќе бидат ослободени од сениорскиот тим, па така тие ќе му бидат на располагање на Бабунски.
Првиот собир ќе го имаат во недела (2.март), Бабунски е свесен дека ги чека тежок противник, но верува во младите момчиња кои и досега покажаа дека можат да се борат со сите.
– Благодарност до селекторот Ѓуровски за ослободување на дел од А репрезентативците. Португалија е исклучително силна репрезентација, една од најдобрите во Европа, но нашата цел и идеја и во Португалија ќе биде да одиграме како и на претходните натпревари и со максимален ангажман да дојдеме до поволен резултат – изјави Бобан Бабунски.
ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија), Дејан Илиев (Арсенал, Англија)
ОДБРАНА: Кристијан Тошевски (Тетекс), Ѓоко Зајков (Работнички), Висар Муслиу (Ренова), Христијан Драгарски (Пелистер), Дино Најдоски (Работнички), Езгјан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија), Стефан Ашковски (Напредак, Србија), Александар Дамчевски (Черноморец, Бугарија)
СРЕДЕН РЕД: Мартин Блажевски (Вардар), Дарко Мицевски (ОФК Београд, Србија), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Стефан Ристовски (Латина, Италија), Дарко Велковски (Работнички), Александар Анастасов (Пелистер)
НАПАД: Фахрудин Ѓурѓевиќ (Македонија ЃП), Александар Трајковски (Мехелен, Белгија), Марјан Радески (Металург), Дориан Бабунски (Реал Мадрид, Шпанија)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.