Учесници на митинг „за заштита на споменикот на Ленин“ во источниот украински град Харков, денеска од јарболот пред зградата на локалната самоуправа го симнаа знамето на Европската унија и на негово место го развиорија знамето на Русија.
Како што јави ИТАР-ТАСС, руското знаме било кренато на јарболот со повиците „Русија и Киев, гледајте“.
Градоначалникот на Харков, Генадиј Кернес побара од органите на редот да преземат мерки и „на јарболот да го остават само државното знаме“.
– Харков е дел од Украина, тука ќе виси само знамето на Украина – изјави Кернес, чии обиди за симнување на знамето на Русија, според руските медиуми, биле безуспешни.
Денешниот собир во Харков беше организрани во знак на протест против обидите на прозападните сили во земјата за уривање на споменикот на Ленин.
По смената на украинскиот претседател Виктор Јанукович и преземањето на власта од страна на досегашната опозиција, ширум Украина беа урнати или осквернавени повеќе споменици на Ленин и други комунистички и руски дејци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.