
Статистичките податоци за филмовите кои во изминатиот пола век добија награда „Оскар“ за најдобар филм покажуваат дека најголем фаворит за наградата најдобар филм има „Америакнски измамници“, пишува „Би-Би-Си“.
Новинарите на „Би-Би-Си“ ги „прочешлале“ сите статистики во последните 50 години во потрага по одговорите на прашањата од типот: „Кога е најдоброто време за лансирање на филмот во кинодистрибуција?“, „Победникот дали подобро минува кај критиката или кај публиката?“.
Собраните податоци биле споредувани со секој од овогодинешните кандидати за таа награда и потоа ја примениле идеалната победничка формула.
Податоците покажуваат дека во последните 50 години и номинираните и добитниците на наградата за најдобар филм во просек филмовите траеле подолго од другите. Совршената должина на филмот, според тие податоци би требало да биде 141 минути.
Иако ниту еден добитник не бил дистрибуиран во јануари во кино, статистиките покажуваат дека тоа не е пресудно. Сепак, сите годинешни кандидати во диструбуција влегле во последните три месеци во 2013 година.
Според статистиките, само четири филма во историјата ги добиле сите шест најважни награди на филмаскиот свет. Досегашните податоци покажуват дека наградата „Оскар“ воопшто го подига рејтингот на наградениот филм и кај критиката и кај публиката, која начелно му дава повеќе оценки од оној филм кој не добил награда.
Кога се ќе се земе предвид, победничката формула покажува дека најсериозен кандидат за „Оскар“ оваа година е филмот во кој се говори за славниот измамник Ирвинг Росенфелд и неговата партнерка Сидни Просер, а во режија на Дејвид О. Расел кој трае околу 140 минути. Има десет номинации, меѓу кои и најважните за режија, монтажа и сценарио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


