Синоќа во НБА лигата беа одиграни седум натпревари. Играч на вечерта е Кевин Лав кој со Минесота успеа да слави на гостувањето кај Феникс. Тој успеа да постигне 33 поени 13 скока и девет асистенции и комплетно да го сврти во своја корист натпреварот и да слави со 110-101. Последниот период Минесота која и понатаму не може да смета на услугите на Пековиќ и Мартин го доби со 15 коша разлика (35-20). Со оваа победа Минесота ги задржа шансите за место кое води во плејофот.
Три четвртини му беа потребни на Џејмс Харден да постигне 43 поени за Хјустон против Сакраменто. Пред почетокот на последниот период Хјустон имаше предност од 27 поени разлика и победникот не беше доведен воопшто во прашање (129-103).
Демаркус Казинс тешко го поднесе поразот, се караше со судиите и на крај мораше да биде ислучен од мечот.
Лидерот на истокот тимот на Индијана без проблеми ги победи ЛА Лакерс со 20 поени разлика (118-98). Новото засилување на Пејсерс Тарнер кој дојде од Филаделфија одлично се снајде во дебитантскиот меч за новиот тим кој е сериозен кандидат за освојување на титулата. Пол Џорџ беше најефикасен со 20 поени, а покрај него дури пет играчи постигнаа двоцифрен број поени меѓу кои и Тарнер.
Резултати:
Кливленд – Торонто 93-99, Индијана – Ла Лакерс 118-98, Вашингтон – Орландо 115-106, Атланта – Чикаго 103-107, Денвер – Портланд 95-100, Феникс – Минесота 101-110, Сакраменто – Хјустон 103-129.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.