Новиот грчки јавен радиодифузен сервис Нерит СА ќе почне да емитува пилот-програма во март, информира денеска заменик-министерот за јавна радио и телевизија, Пантелис Капсис.
Тој, исто така, соопшти дека 27 април е последниот рок до кој Нерит треба да почне да емитува сопствена програма, врз основа на договор со Европската радиодифузна унија (ЕБУ).
Во врска со надоместоците за вработените во поранешната државна радиотелевизија ЕРТ, Капсис рече дека веќе се дадени 30 милиони евра, што е повеќе од половината од вкупните надоместоци што треба да бидат исплатени.
– Сѐ уште се чека на одлука на Министерството за финансии за точна пресметка. Тоа е веќе работа на Министерството за финансии – истакна Капсис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција