Членови на верска секта, по завршените обреди и пеење, се впуштаат во кражба на цвеќиња во општина Карпош, тврди градоначалникот на оваа општина Стевчо Јакимовски во изјава за „Дневник“.
– Се собираат во стан во Kарпош 4, кој е изнајмен од една госпоѓа со американско државјанство, која им е пасторка, односно раководи со сектата. Станарите од зградата велат дека по завршувањето на обредот и пеењето, тие со комби атакуваат на цветните површини – изјави Јакимовски.
Тој лично фатил еден од нив како откорнува цвеќиња.
– Беа откорнати 7-8 цвеќиња. Тој беше со комби и кога го отвори, во него најдовме цвеќиња. Веднаш беше повикана полицијата – раскажува градоначалникот Јакимовски.
Од СВР Скопје потврдиле дека е пријавена кражба на цвеќиња, што е казниво според Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
– На 23 февруари околу 14.15 часот е пријавено дека на „Партизански одреди“ непознато лице оштетува јавен парк, со откорнување цвеќиња. Полицијата излегла на самото место и е затекнато едно лице, З.М. (1965 година) од Скопје, против кого ќе биде покрената прекршочна пријава по член 27 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир – изјави Лиза Бендевска, портпарол во СВР Скопје.
Според Законот, на тој што го оневозможува користењето или оштетува јавни згради, чешми, извори, плажи, паркови, шеталишта или други јавни објекти и инсталации или ги загадува со материи и отпадоци, ќе му се изрече глоба од 100 до 400 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Не со кривични пријави, со тенкови да тргнат на мене, на 30 септември не излегуваме на гласање!
-
Владата распиша тендер за цвеќиња тежок 670 илјади евра
-
Двајца пешаци прегазени на улица во Карпош
-
Драма во маркет во Карпош: Разбојник нападнал една продавачката со електрошок, а двете колешки жестоко му возвратиле



