Управата за финансиска полиција го уапси 39-годишниот скопски бизнисмен С.Ѓ. поради основано сомнение дека сторил финанскиски криминал од 1.107.000 евра.
Управителот и сопственик на ДПТУ „Еко Сара“ ДС ДООЕЛ од Скопје, информираат од Управата за финансиска полиција, со помош на второпријавената, овластената сметководителка Р.Р.(58), во периодот од 1 јануари 2008 година до 31 декември 2012 година, до УЈП поднесувал даночни пријави со лажни информации за да оствари неоснован поврат на ДДВ и да не плати персонален данок на доход и данок на добивка.
– Кривичното дело е направено така што подолг временски период бизнисменот, потпомогнат од неговата овластена сметководителка, при набавка на секундарни суровини-отпад од физички лица, прикажувал влезно ДДВ, иако бил свесен дека е забрането. За да се стекне со поголема материјална корист, првопријавениот го фалсификувал и износот на излезното ДДВ. Со своите криминални активности го оштетиле Буџетот на Република Македонија за 1.107.000 евра, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција.
Поради тежината на кривичното дело и износот на штетата, на С.Ѓ. му била изречена мерка притвор од 30 дена, додека на неговата сметководителка и била одземена патната исправа, пуштена е да се брани од слобода со обврска за редвно пријавување во полициска станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.