| четврток, 6 декември 2018 |

ИВЗ молчи за насилствата во Горно Оризари

ivz

Исламска верска заедница не го соопшти својот став околу случувањата во Оризари, Велешко, каде што се заострија односите меѓу две групации на исламски верници во селото.

Како што пишува Дневник, муфтијата Адем Чоревски, и покрај најавите, се откажа од соопштувањето на својот став упатувајќи ги медиумите на централата на ИВЗ во Скопје.

Како што е познато, состојбите во селото се заострија откако група верници физички го нападнаа претседателот на џамискиот одбор и го искинаат решението за поставувањето на новиот оџа во селото. Според  дел од жителите  во Горно Оризари, поделеноста ја поттикнале припадници на радикалниот ислам кои сакале превласт над останатите кои го почитувале стариот ислам.

Од СВР Велес најавија кривични пријави за напаѓачот на претседателот на џамискиот одбор за спречување верски обред  и за физички напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top