| четврток, 6 декември 2018 |

82 загинати и 699 повредени во судирите во Украина

ukraina5

Во крвавите судири во Украина минатата недела животот го загубиле 82 лица, соопшти тамошното Министерство за здравство. Во исто време биле повредени 699 луѓе, од кои 463 биле задржани на лекување во болници.

Насилствата во Киев се сметаат за најжестоки во земјата од нејзината независност во 1991 година.

Украинскиот парламент во саботата го отповика претседателот Виктор Јанукович, ја ослободи од затвор поранешната премиерка Јулија Тимошенко и закажа вонредни парламентарни избори за 25 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top