| четврток, 6 декември 2018 |

Следниве денови сончево, ќе врне викендот

sonce oblaciВремето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во одделни котлини и по речните долини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. Преку денот на некои места се очекува да се разведри. На планините и на повисоките места ќе дува слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од седум до 14 степени.
Во Скопје изутрина времето ќе биде претежно тивко со услови за слаба магла и ниска облачност. Околу пладне се очекува да има и сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до околу нулата, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а по одделни котлини и речните долини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност.
За време на викендот се очекува да има врежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top