| четврток, 6 декември 2018 |

Хејг: Украина е во лоша состојба

vilijam hejgШефот на британската дипломатија, Вилијам Хејг изјави дека наскоро ќе ја посети Украина и предупреди дека на таа држави и е потребна итна меѓународна финансиска помош, за да ја зајакне својата слаба економија.

Тој попладнево замина за Вашингтон, каде што со американскиот државен секретар Џон Кери и претставниците на Меѓународниот монетарен фонд треба да разговара за Украина.

Според Хејг, ММФ може да обезбеди финансиска поддршка на Украина.

-Финансиската ситуација во Украина е многу лоша и без помош од надвор нема да може да се одржи-наведе тој и додаде дека на државата и е потребна стабилна и легитимна влада и спроведување на реформи за да обезбеди економска стабилност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top