Според најновото истражување на порталот „AshleyMadison.com” – сајт за запознавање ѓени кои бараат еднодневни афери, Вашингтон е „најневерниот град во Америка” веќе втора година по ред. „Титулата” се должи на податоците собрани од сајтот, според кои градот е дом на најголем број регистрирани корисници, подготвени да изневерат, по глава на жител. На второто и третото место се рангирани Остин и Хјустон.
Основачот и извршен директор Ноел Баjдeрман очекува оваа недела да е особено напната. Причината – претстојниот Свети Валентин – еден од најголемите оптоварувања во годината. На 15 февруари 2012 година бројката на регистрирани на порталот скокнала за 439 проценти во однос на дневниот просек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



