| четврток, 6 декември 2018 |

Ања Алтхаус ново големо засилување за ЖРК Вардар СЦБТ

Германската репрезентативка Ања Алтхаус, која настапува за актуелниот шампион и овогодишен учесник во главната фаза од Лигата на шампионите, Турингер, од наредната сезона ќе игра во ЖРК Вардар СЦБТ. Германката денеска стави потпис на договорот на две сезони и во дресот на македонскиот шампион ќе биде до 2016 година, со можност за продолжување на договорот за уште една година.

Искусната Германка, за која ова е втора сезона во дресот на Турингер, во кариерата досега има настапувано и за екипите на Виборг, Трир и Нидерндоделебен. Најголемиот успех на клупско ниво го постигна во 2009 година кога со данскиот тим Виборг ја освои титулата во Лигата на шампионите. Во Бундес-лигата триумфираше двапати, и тоа со екипата на Трир во 2003 година, како и со Турингер минатата сезона, кога го освои трофејот и во Купот на Германија. Трикратен едноподруго освојувач е и на шампионатот на Данска со екипата на Виборг, и тоа во 2008, 2009 и во 2010 година.

Со селекцијата на Германија, на светскиот шампионат во 2007 година во Франција го освои бронзениот медал.

Aлтхаус е третото засилување на „црвено-црните“ за претстојната сезона, откако претходно беа ангажирани Андреа Пенезиќ и Барбара Лазовиќ, кои моментално настапуваат за Крим Меркатор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top