Градоначалникот на Севастопољ, Володимир Јацуба, поднесе оставка со образложение дека тие што го поставиле веќе ги нема. Јацуба беше именуван во 2011 година од тогашниот претседател Виктор Јанукович. Локална ионтернет-страница објави дека Јацуба ја напуштил и Партијата на регионите на Јанукович.
Во Севастопољ вчера се одржа митинг на кој учествува околу 30.000 лица. Тие изразија недоврба кон локалната администрација и го изгласаа рускиот претприемач Алексеј Чалого за градоначалник на Севестопољ.
На митингот беше изгласана резолуција дека Севастопољ не ги признава последните одлуки на националниот Парламент во Киев, нагласувајќи дека тоа што се случува е државен удар.
Гувернерот на харковската област, Михаил Добкин, изјави дека не планира да поднесе оставка додавајќи дека локалните служби функционираат. Но, тој не се обидел да влезе во зградата на локалната администрација.
Добкин истакна дека побарал од Киев да се отстрани блоката од зградата на локалната администрација, но добил одговор дека тие „не ги контролираат демонстрантите во Харков“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.