| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец повреден од експлозија на плинска боца

brza-pomos-500x272

Седумдесет и седум годишниот тетовец К.А. се здобил со изгореници на рацете, лицето и грбот откако му експлодирала плинска боца додека се обидувал да ја приклучи на решо во помошна просторија од неговата куќа на ул. „Браќа Миладиновци“, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци добиени од соседите на повредениот, инцидентот се случил пред 10 часот по што К.А веднаш бил префрлен во Тетовската клиничка болница од каде како итен случај веднаш бил препратен на клиниките во Скопје.

По овластување на јавниот обвинител полицијата извршила увид и работи на откривање на причините како се случил овој несреќен случај, истакна Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top